вторник, 22 октомври 2024

Поранешен инженер на ЦИА осуден на 40 години затвор за откривање информации на Викиликс

Поранешен службеник на ЦИА е осуден на 40 години затвор поради протекување информации до Викиликс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој беше осуден по повеќе обвиненија: шпионажа, компјутерско хакирање, непочитување на судот, давање лажни изјави на ФБИ и поседување слики за сексуална злоупотреба на деца.

„Џошуа Шулте ја предаде својата земја со извршување на некои од најгрозоморните злосторства на шпионажа во американската историја“, рече јавниот обвинител.

Шулте ги отфрли сите обвинувања.

Обвинителите го обвинија дека ја обелоденил алатката на ЦИА „Волт 7“, кој им овозможува на разузнавачите да хакираат паметни телефони и да ги користат како уреди за прислушување.

Шулте (35) на Викиликс му дал околу 8.761 документ во 2017 година, што претставува најголема повреда на податоците во историјата на ЦИА, објави американското Министерство за правда.

Според Си-ен-ен, Шулте бил вработен како програмер во Центарот за сајбер разузнавање, кој шпионира терористички организации и странски влади. Обвинителите на судењето изјавија дека во 2016 година ги украл податоците и ги дал на Викиликс, а потоа ги лажел агентите на ФБИ за својата улога.

Тие рекоа дека бил мотивиран од гнев поради кавга на работното место.

Шулте се борел со исполнување на роковите, а помошник американскиот државен обвинител Мајкл Локард рече дека еден од неговите проекти толку доцнел со распоредот што го добил прекарот „дрифтинг дедлајн“.

Обвинителите рекоа дека сакал да ги казни оние за кои сметал дека му згрешиле.

ФБИ разговарал со Шулте неколку пати откако Викиликс ги објавил податоците, каде што тој ја негираше одговорноста.

По претресот на неговиот стан, соопштија обвинителите, подоцна биле откриени десетици илјади слики на сексуална злоупотреба на деца.

Тие додаваат дека и по апсењето, Шулте се обидел да му даде на Викиликс уште повеќе информации. Тој прошверцувал телефон во затворот каде што се обидел на новинар да му испрати информации за сајбер групи на ЦИА и составил твитови во кои имало информации за сајбер алатки на ЦИА под името Џејсон Борн.

Тој е во затвор од 2018 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ