Билд потсетува и на бурното минато на боксерот кој во својата кариера го освоил ИБФ европскиот појас во супервелтер категорија. Во 2013 година учествувал во инцидент исто така во Билефелд. Неговиот брат Берат со шише удрил друго лице во глава, по што дошло до тепачка во која бил повреден и Нимани. Еден од учесниците тогаш бил осуден на година и пол затвор.
Нимани боксерската кариера ја завршил со 26 победи и само еден пораз, а последната борба во 2019 година му била против Аднан Зилиќ од Бих, кого го победил.
Роден е во Косовска Митровица во 1986 година, а се борел под знамето на Германија во која со родителите се преселил како бегалец во 1997 година.