петок, 18 октомври 2024

Поранешен британски министер за безбедност ќе се кандидира за нов лидер на конзервативците

Поранешниот британски министер за безбедност Том Тугендхат синоќа изјави дека ќе се кандидира за нов лидер на Конзервативната партија, која беше убедливо поразена од лабуристите на изборите пред три недели.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Наследникот на Риши Сунак, Конзервативната партија ќе го избере на 2 ноември, откако на изборите на 4 јули забележа најлош изборен резултат во својата историја.

Од пријавените кандидати, партиските органи ќе одберат четворица кои ќе ги претстават своите програми на партиска конвенција. Потоа, двајца од кандидатите влегуваат во последниот круг во кој победникот ќе го одлучуваат членовите на Конзервативната партија.

„Конзервативците можат да победат на следните избори. Верувајте ми, ќе се погрижам тоа да се случи“, напиша Тугендхат во напис за весникот „Телеграф“.

„Ја изгубивме довербата на британскиот народ затоа што не го реализиравме тоа што го ветивме“, додаде поранешниот министер. „Мораме да ја обезбедиме иднината на нашата земја, за сегашните и идните генерации“, изјави тој во својот напис.

Објавата на Тугендхат дојде еден ден откако поранешниот министер за надворешни работи Џејмс Кверли ја објави својата амбиција да стане нов лидер на конзервативците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ