сабота, 19 октомври 2024

Поради забрана за величење на фашизмот во Шпанија се преместени остатоците на познат фашист (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Остатоците се ексхумирани врз основа на измените на законот кои забрануваат величење на диктатурата и фашистичкото наследство во Шпанија.

Ривера шест децении беше погребен во огромниот комплекс „Долина на паднатите“ кој, како симбол на победата на фашистите во Граѓанската војна, принудно го граделе затвореници.

Генералот Франциско Франко го предводел востанието на војниците во јули 1936 година за да ја урне демократски избраната влада на Шпанија, а следела Граѓанската војна која во 1939 година завршила со стотици илјади жртви и разурната земја.

Остатоците на лидерот на Фалангата беа ексхумирани во присуство на роднини, далеку од очите на јавноста и ковчегот беше пренесен на мадридските гробишта Сан Исидро, каде мала група поддржувачи го проби полицискиот кордон со фашистички поздрави и химната на Фалангата.

Франко до смртта во 1975 година владееше со Шпанија со железна рака, исто така беше погребен во Долината на паднатите, но во 2019 година неговите остатоци беа префрлени на блиските гробишта.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ