среда, 5 февруари 2025

Понуди од пет фирми за изградба на интерконекторот со Грција, одлуката до крајот на јануари

На повикот за изградба на интерконекторот за природен гас со Грција се пристигнати пет понуди, а според министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, првата најдобра понуда е за 11 милиони евра пониска од износите на претходниот тендер.

Објавено на

часот

Сподели

Фирмите се од Италија, Турција, Србија, а има и една локална фирма. Се очекува договорот да биде потпишан на крајот на јануари, наредната година.

„Првиот тендер после девет месеци беше неуспешен. Направивме сето тоа да биде многу бргу, добивме пет понуди од коишто првата најдобра понудена е за 11 милиони евра поевтина од претходниот пат. Процедурата за финализирање на постапката е следна. ‘Нома гас’ ја заврши евалуацијата, вчера се испратени процедурите, понатаму треба ЕИБ и ЕБДР да ги прегледаат сите документи и се надеваме да нема приговори, меѓутоа следува католички Божик и се надеваме дека до крајот на јануари ќе биде сè завршено, што значи дека очекуваме потпишување на крај на јануари. На крајот на јануари ќе биде сè финализирано. Сè што беше до нас, до Номагас, е завршено“, рече денеска Божиновска, одговарајќи на новинарски прашање, по потпишување на договоот за грант од ЕБОР.

Таа дополни дека и останатите четири понуди на повикот се пониски од минатите. Упати на информации за фирмите во Номагас и посочи дека се од Италија, Турција, Србија, како и една локална фирма.

Министерката нагалси дека најважно е да се запазат сите легални процедури, за да нема неправилности како минатиот пат и отпосле да се добијат  забелешки .

Македонскиот национален оператор Номагас го објави новиот повик  на 21 октомври годинава, со сума на финансирање од 83.653.000 евра. Македонскиот дел од гасоводот е во должина од 67 километри.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ