вторник, 22 октомври 2024

Понижување за Баерн Минхен во Франкфурт, Баварците примија пет гола од Ајнтрахт (ВИДЕО)

Баерн Минхен доживеа шокантен пораз на гостувањето кај Ајнтрахт Франкфурт каде загуби со неверојатни 5-1.
 

Објавено на

часот

Сподели

Навивачите на Баерн Минхен не се кавикнати на порази, а не па на тешки порази каков што беше денешниот во Франкфурт. Баварците примија дури пет гола.

По нешто повеќе од половина час игра веќе беше 3-0 за домаќините со голови на Мармоуш, Дина Ебимбе и Ларсон. Пред крајот на првиот дел Баерн намали на 3-1 со гол на Кимих.

Се очекуваше по паузата Баерн конечно да заигра како што треба, но тоа не се случи. Ајнтрахт даде уште два гола преку Дина Ебимбе и Кнауф за победа од 5-1.

Во другите денешни мечеви: Хајденхајм – Дармштад 3-2, Унион Берлин – Менхенгладбах 3-1, Вердер – Аугсбург 2-0, Волфсбург – Фрајбург 0-1.


 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ