четврток, 17 октомври 2024

Полскиот министер за одбрана: Граѓаните се огорчени од однесувањето на украинските бегалци

Даночните обврзници во Полска се огорчени кога гледаат како украинските бегалци живеат луксузен живот, кажа полскиот министер за одбрана Владислав Косињак Камиш.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Варшава претходно ги намали исплатите на бенефиции за речиси милион украински бегалци кои од конфликтот избегаа во Полска.

Полјаците се згрозени „од глетките на момчиња од Украина, кои ги возат најдобрите автомобили, ги минуваат викендите во хотели со пет ѕвезди“, кажа Косињак Камиш за полскиот новински портал Интерија.

На даночните обврзници, кои ги финансираат бенефициите на украинските бегалци и придонесуваат на воената и финансиската помош на Варшава на Киев, ова им се чини неправедно, кажа полскиот министер за одбрана.

Полска е еден од главните поддржувачи на Украина и ѝ обезбеди повеќе од 3,2 милијарди евра воена помош од почетокот на конфликтот во 2022 година, наведува германскиот институт Кил.

Повеќе од 9801.000 украински бегалци во моментов престојуваат во Полска, а голем број од нив официјално поднеле барање за азил, според статистиката на Обединетите нации.

Полското општество, кои на почетокот беше наклонето на Украинците, станало сè повеќе разочарано, покажуваат анкетите.

Две третини од Полјаците се залагаат за депортација на машките украински бегалци дома за да се борат против Русија, покажува истражување кое минатата недела го објави полската државна телевизија.

Минатиот месец, министерот за надворешни работи Радослав Сикорски ги повика земјите од Европската Унија да ги намалат социјалните бенефиции за машките бегалци од Украина за да ги охрабрат да се вратат дома.

„Не би требало да го субвенционираме избегнувањето на воениот рок“, кажа тој.

Варшава оваа пролет објави дека нема да ги заштити Украинците кои се обидуваат да избегаат од заострената кампања на регрутација во Киев.

Украина првично прогласи општа мобилизација во февруари 2022, забранувајќи им на мажите од 18 до 60 години да ја напуштат земјата. Соочен со сè поголемите загуби на бојното поле, Киев во април ја снижи старосната граница за регрутација од 27 на 25 години и значително ги зголеми казните за избегнување на повиците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ