„Решивме да инвестираме 10 милијарди злоти“ или околу 2,34 милијарди евра „во нашата безбедност, а особено во обезбедувањето на нашата источна граница“, изјави Туск за новинарите при претставувањето на проектот наречен „Источен штит“.
„Овој систем на утврдување, кој ја зајакнува 400-километарската граница со Русија и Белорусија, ќе биде елемент на одвраќање, стратегија за отфрлање на војната од нашите граници“, додаде тој, прецизирајќи дека работата е веќе започната.
Полска, чија територија се граничи со руската енклава Калининград и Белорусија, како и со Украина, стравува дека ќе биде следната цел на Москва.
Од почетокот на војната во Украина во февруари 2022 година, Варшава е безусловен поддржувач на Киев и главната транзитна земја за западното оружје што му се доставува.
Соочена со руската закана, Варшава презеде брза модернизација на својата војска со одбранбен буџет од околу 4 отсто од БДП, највисок меѓу земјите на НАТО.
Варшава започна и серија набавки на воена опрема, вредна милијарди долари, главно во САД и Јужна Кореја.