петок, 22 ноември 2024
Во сабота се празнува Денот на Ромите

Политичарите имаат обврска да создадат еднаква шанса за просперитет на сите граѓани

Објавено на

часот

Сподели

Евроамбасадорот Гир посочи дека Европската Унија (ЕУ)У препознава многу тешкотии и дискриминација во поглед на економскиот живот со којшто се соочуваат Ромите но Унијата и презема чекори за да се реши ова, вклучително и финансиска помош, како и програмите што се спроведуваат, во рамки на ЕУ но и надвор. 

Тој нагласи дека е потребно да се стави фокус на прашањата како што се недискриминација, сместување, право на образование, право на работа, граѓански организации и при тоа треба да се премине од иницијативи на ЕУ и конференции кон конкретни чекори.

Тој истакна дека Европската Комисија ја фокусира својата поддршка на еднаквост, вклучување и учество, образование, вработување, здравствени услуги и сместување на Ромите со препораки како за земјите-членки така и за земјите што сакаат да станат членки и сето тоа поддржано со практични чекори исто теренски акции.

„Во поглед на состојбата во Северна Македонија, ЕУ дава значителна поддршка за стратегијата за вклучување на Ромите што Владата ја усвои во 2022 година. Тоа е документ што доби внимание но треба да се осигура дека оваа стратегија се применува во пракса, а сето тоа бара политичка волја, координација, партнерство и секако да се потврди дека има финансиски средства и ресурси за сето тоа да може да се спроведе“, кажа Гир на Конференцијата „Стратегија за Роми, тек и следни чекори“.

Загрижувачката состојба во која со децении се наоѓа поголемиот процент од ромската заедница, реле претседателот Стево посочи Пендаровски и укажа на потребата од усвојување и спроведување на таргетирани политики со цел надминување на таквиот статус.

„Соочени со сите овие проблеми како држава воспоставувавме механизми со дефинирани цели за унапредување на положбата на ромската заедница, зад нас имаме усвоено две стратегии за инклузија на Ромите во 2005-та и во 2016 година, имаме донесено национални акциски планови, а минатата година е усвоена и новата стратегија за инклузија на Ромите 2022-2030. Реално, овие механизми дадоа скромни резултати, бидејќи постојат многу структурни недостатоци кои влијаат на секојдневниот културен и општествен живот на ромската заедница“, подвлече Пендаровски.

Извештаите на Европската Комисија, како што посочи, редовно укажуваат дека националните акциски планови не се реализираат во целост, поради што е забележан само ограничен напредок. Или, додаде, најновиот годишен извештај за состојбата со човековите права за 2022. на Стејт Департментот на САД кој укажува дека не може да се остварат основните човекови права на Ромите кои не се евидентирани во матичните книги на родените.

Претседателот нагласи дека антициганизмот како резултат на еден комплексен историски процес на насилство, стигма, говор на омраза и дискриминација доведува до исклучување на ромската етничка заедница од развојните текови на општеството. Овие структурни неповолности, дополни тој, како домино ефект уназадуваат генерации што влијае на севкупниот просперитет на таа заедница, но и на просперитетот на целата држава.

„Иако во нашиот регион важиме за држава која прави најголеми напори за унапредување на состојбата на Ромите сепак скромниот напредок во одредени приоритетни области, меѓу кои е и образованието не треба да не држи во комфорната зона затоа што со години се провлекуваат истите проблеми. Потребно е да се соочиме со фактите и да ги преиспитаме досегашните практики кои покажале скромен резултат во унапредување на состојбата на ромската заедница. Од исклучителна важност е да се воспостави функционална меѓуинституционална координација, мониторинг и евалуација на активностите поврзани со остварување на целите на стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030“, потенцира Пендаровски.

На конференцијата свое обраќање имаа и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, министерот за здравство Фатмир Меџити, министерот за образование и наука Јетон Шаќири, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски. 

Најзначајно, според него, е да се издвои Буџет за политиките за Роми и да постои реална, а не декларативна политичка волја за да постигнеме прогрес во унапредувањето на правата на ромската заедница и на нивниот квалитет на живот, а со тоа и севкупен просперитет на Македонија.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ