сабота, 19 октомври 2024

Полициски службеници во Тузла под истрага поради тројното убиство во Градачац

Објавено на

часот

Сподели

Истрагата, како што се наведува, би требало да открие кој на убиецот од Градачац му ја јавил локацијата на која се наоѓала неговата невенчана сопруга.

Според сараевските медиуми, постојат индиции дека станува збор за лице од полицијата.

Семејството на убиената жена бара и одговорност на судијката која не ја потпишала одлуката за забрана за приближување на Сулејмановиќ на жртвата, иако таа претходно ѝ пријавила полицијата злоставување и насилство во семејството.

Сулејмановиќ невенчаната сопруга откако ја нашол ја убил на најсуров начин, пренесувајќи го убиството во живо на Инстаграм.

Покрај неа, убил уште две лица, додека три ранил.

Советот на министри за БиХ утре ќе одржи телефонска седница на која ќе биде донесена одлука за прогласување на 16 август за Ден на жалост во БиХ поради убиството во Градачац.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ