вторник, 22 октомври 2024

Полицијата во Париз застрела жена која се заканувала дека ќе се разнесе

Француската полиција застрела жена која наводно се заканувала во воз во Париз, соопштија властите, што е најнов безбедносен инцидент во земјата која го подигна нивото на безбедност поради терористички закани откако исламски екстремист уби професор во средно училиште овој месец.

Објавено на

часот

Сподели

Од полицијата велат дека немаат информации за здравствената состојба на засегнатата жена.

Властите евакуираа метро станица и возови на линијата кон Националната библиотека Франсоа Митеран во источен Париз. Во соопштението се наведува дека полицајците отвориле оган откако жената не реагирала на предупредувањата.

Полициската патрола реагирала откако еден од патниците во возот ја повикал Службата за вонредни ситуации и пријавил дека жена, која носела хиџаб, упатувала разни закани.

Според медиумите, жената извикувала „Алах е голем“ и се заканувала дека ќе се разнесе.

Наводно жената била застрелана во стомакот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ