вторник, 22 октомври 2024

Полициски хеликоптер исфрли 48 тони вода врз пожарот на Серта (ВИДЕО)

МВР информира дека полициски хеликоптер исфрлил 48 тони вода врз пожарот на планината Серта.

Објавено на

часот

Сподели

„Денеска,од раните утрински часови, хеликоптер бел-412 од Одделот за воздухопловни единици на МВР продолжи да дејствува врз пожарот кој избувна вчера во реонот на планината Серта. Хеликоптерот во 32 налета исфрли 48 тона вода врз пожарот. Се дејствуваше на краците од пожарот кои преставуваа опасност да се упатат кон селата Брусник, Калањево и Липа. Доколку има потреба хеликоптерот ќе продолжи да дејствува“, велат од МВР.

Претходно, директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов информираше дека во моментов не постои директна опасност по куќите во селата Брусник, Калањево и Липа.

„Во оие села трајно живеат само неколку луѓе, но истите се користат како викенд населба поради што беа предупредени потенцијалните викендаши. Во момемтов покрај силите кои гаснат од земја дејствува и еден полициски хеликоптер а набргу ќе му се придружи и еден армиски хеликоптер“, рече Ангелов.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ