понеделник, 10 март 2025

Полициска акција против трговците со сомнителен мазут, разоткриена мрежа на увозници

Полицијата започна координирана акција против компании и поединци инволвирани во набавка и продажба на сомнителен мазут што претставува сериозна закана за здравјето на граѓаните и животната средина, дознаваме од извори во МВР.

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите, акцијата е иницирана од Бирото за јавна безбедност во соработка со останатите надлежни институции. Целта е да се открие и санкционира нелегалната трговија со горива со сомнително потекло, кои содржат високи нивоа на сулфур, тешки метали и други штетни соединенија што директно придонесуваат за загадувањето на воздухот и почвата.

„Станува збор за разоткриена мрежа на увозници кои противзаконски испорачувале гориво со низок квалитет. Овие горива се сериозен ризик за здравјето на граѓаните и една од главните причини за зголеменото аерозагадување,“ велат полициски извори.

Истите извори наведуваат дека во истрагата се опфатени лица кои и претходно биле споменувани во контексти на економски криминал, но досега биле заштитени од одредени центри на моќ.

Според нашите сознанија, преку фиктивни договори за позајмици и посреднички услуги, нелегално се испумпани околу 10 милијарди денари. Ова претставува еден од најголемите корупциски скандали поврзани со енергетскиот сектор.

Загадувањето поврзано со овие горива веќе има алармантни последици, а според извештаите на повеќе институции, секоја година неколку илјади граѓани прерано го губат животот поради лошиот квалитет на воздухот. Исто така, загадувањето се смета за еден од факторите што придонесуваат за иселувањето на населението.

Акцијата продолжува и во наредните денови, а против сите инволвирани ќе следуваат соодветни законски мерки.

А.Д. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ