недела, 6 октомври 2024

Полицијата во акција по кафеани, концерти, излетнички места… пронајдена дрога, приведени двајца

Во изминатото деноноќие полицајци од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, извршиле контроли во повеќе угостителски објекти, на излетнички места како и на концерт за време на музичка манифестација во Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Во текот на контролата, лишен од слобода е И.П. (42) од Скопје, бидејќи при преглед во импровизиран бункер во мотоцикл кој го управувал без возачка дозвола, пронајдени се 13 пакувања со бела прашкаста материја, а во чантичка под седиштето пронајдени се поголем број банкноти во апоени од 50 евра и од 1.000 денари. Кај А.К.(20), исто така, при преглед е пронајдена растителна материја.
Во координација со јавен обвинител против лицата ќе бидат поднесени кривични пријави по член 215 од Кривичниот законик.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ