понеделник, 21 октомври 2024

Полицијата уапси струмичанец за кој се сомнева дека обљубил малолетничка со посебни потреби

МВР вчера уапси 53 годишен жител на Струмица осомничен дека извршил обљува врз малолетно лице со пречки во развојот.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопштија од СВР Струмица, осомничениот бил уапсен вчера во 18:25 часот, а се сомничи дека истиот ден во 11:30 часот во подрумски простории на станбена зграда во Струмица ја извршил обљубата.

Лицето било задржано во полициската станица во Струмица и за настанот бил запознат јавен обвинител.

„По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ