понеделник, 21 октомври 2024

Полицијата фати бегалец од затвор и го врати во Идризово на доиздржување на казната

Полициски службеници од СВР Куманово, вчера рано наутро во 4 часот, го уапсиле А.И.(35) од село Никуштак, општина Липково кој се барал за издржување на казна затвор.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти денеска МВР, тој бил осуден на пет години и седум месеци затворска казна за сторени кривични дела неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанци и прекурзори, трговија со луѓе и фалсификување исправа, а бил баран по потерница за доиздржување на три години од казната.

Затвореникот бил спроведен во Казнено-поправна установа Затвор Идризово за доиздржување на затворската казна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ