Од МВР информираат дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе предлог за поведување постапка за потешко кршење на работниот ред и дисциплина по член 210, став 1, точка 10 и 20 од Колективниот договор на МВР и член 26 од Етичкиот кодекс за однесување на работниците на МВР.
Одделот за внатрешна контрола изрече и мерка за одземање на оружјето од пријавениот полициски службеник.