Полицаец и внук на поранешен функционер од ДУИ е разбојникот кој со автомат ограби казино
На 24 април 28-годишен жител на Непроштено маскиран со фантомка и вооружен со автоматска пушка влегол во казино во Лешок, на сите им се заканил да легнат на подот, а потоа ги одзел парите. Како што дознава МКД.мк од свои извори се работи за полицаец вработен во МВР и внук на поранешен починат министер од ДУИ. Според нашите извори во автомобилот на полицаецот бил најден и кокаин, а се правеле напори да се уништат дел од доказите. Со одлука на судот, а на предлог на обвинител на разбојникот му е определена мерка притвор.
Објавено на
часот