петок, 21 февруари 2025

Полемика на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и за ПЕТ-центарот

Со месеци сведочиме на невиден хаос во македонското јавно здравство, предизвикан од неспособноста на Арбен Таравари и Владата на ДПМНЕ. Меѓу најпогодените од овој катастрофален менаџмент се онколошките пациенти, чии животи се директно загрозени, соопшти СДСМ по вчерашните информации за ПЕТ-центарот. Реагираа и од ВМРО-ДПМНЕ: срамно е СДС да зборува за пациентите за кои не само што ништо не презема, туку ги лечеше со вода и остави листи на пациенти кои со години чекаат токму за ПЕТ скен.

Објавено на

часот

Сподели

За СДСМ недостатокот на лекови, катастрофалните услови, долгите чекања, недостатокот на медицински кадар – голготата на онколошките пациенти не запира. „Немаше лекови за биолошка терапија на Клиниката за онкологија, а сега цели еден месец не функционира ниту единствениот државен ПЕТ-скенер. Пациенти од целата земја, чие лекување зависи од оваа дијагностичка процедура, власта ги остави без неопходната медицинска услуга. Министерот Таравари и Владата на ДПМНЕ покажуваат целосна неспособност да управуваат со здравствениот систем, но цената за нивната неспособност ја плаќаат граѓаните и пациентите. Ова мора да запре! СДСМ бара одговорност од директорката, Невена Маневска, и од министерот за здравство, Арбен Таравари. Министерството за здравство мора веднаш да ја стави во функција дијагностичката апаратура. Граѓаните не смеат да бидат жртви на неспособноста и негрижата на оваа власт“, соопшти СДСМ.

За разлика од нивното невнимание и негрижа денес овие листи се двојно намалени од раководството на ПЕТ центарот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Сакајќи да направат хистерија и недоверба во јавното здравство, зачудува фактот што СДС не знае основни процедури поврзани со овој апарат. Станува збор за редовен сервис за промена на хепа филтри кои покажале заситеност и без кои процесот не може да тече, а за секоја промена законски мора да се направи реквалификација на чистите соби во одделеот за производство на радиоизотопи и синтеза на радиофармацевтици, а истовремено оваа процедура е неопходна за воведување нова метода во интерес на пациентите со цел зајакнување на дејноста. Истовремено оваа процедура е неопходна за воведување нова метода во интерес на пациентите со цел зајакнување на дејноста. Од страна на новото раководство на ПЕТ центарот, веднаш беше направен нов динамичен план за надминување на затекнатиот проблем со листи на чекање во оваа установа. Сега листите на чекање се двојно намелени за разлика од претходно“, реагираше ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ