понеделник, 21 октомври 2024

Погодено е училиште во бегалскиот камп во Газа, меѓу жртвите има и деца

Агенцијата за палестински бегалци на ОН (УНРВА) потврди за Ројтерс дека е погодено училиштето Ал Фахура во бегалскиот камп Џабалија.

Објавено на

часот

Сподели

Директорката за комуникации во УНРВА, Џулиет Тума, рече дека меѓу жртвите има и деца, но дека агенцијата сѐ уште не може да потврди колку лица загинале.

„Мета на најмалку еден напад бил училишниот двор каде има шатори за раселените семејства. Во вториот напад беше погодена внатрешноста на училиштето каде жените печеа леб“, изјави Тума.

Министерството за здравство на Хамас во Газа соопшти дека во израелскиот напад на училиштето загинале најмалку 15 лица.

Портпаролот на министерството Ашраф ал Кудра на прес-конференција изјави дека 70 лица се повредени.

Би-би-си сè уште не може независно да ги потврди овие извештаи и упати барање за коментар до израелската војска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ