сабота, 19 октомври 2024

Поглед од американската Амбасада во Скопје

Објавено на

часот

Сподели

Во текот на ноември, Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје изготви вкупно 17 едукативно-информативни записници за лица и правни субјекти коишто се затекнати при неправилно одлагање градежен и кабаст отпад во скопските општини Центар, Гази Баба, Чаир, Бутел, Ѓорче Петров, Аеродром и Карпош.

с

Активностите се одвиваа на булеварите Илинденски одреди, Теодосиј Гологанов и Осми септември, како и на улиците Бутелска, Јуриј Гагарин, Васил Чакаларов, Ѓорѓи Сугаре, Петар Ацев, Бапчор, Лазар Поп Трајков и Јорганџиска улица лоцирана во Старата скопска чаршија.

џ

Воедно, се вели во соопштението, Еко-патролата продолжува со спроведување секојдневни дежурства и зачестен патролен надзор на повеќе локации во сите скопски општини, меѓу коишто се булеварот Македонско-косовска бригада и улиците Џон Кенеди, Втора македонска бригада и Максут Садик – спроти Амбасадата на САД, каде што е констатирано континуирано непрописно одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ