среда, 23 октомври 2024

Подољак: Украина е подготвена за мировни преговори со Русија, но само врз основа на меѓународното право

Украина е подготвена за мировни преговори со Русија, но само врз основа на меѓународното право, изјави во вторник шефот на кабинетот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, Михаил Подољак.

Објавено на

часот

Сподели

Тој посочи дека е неопходно да се принуди Русија да започне „вистински преговори“, рече Подољак, пренесува Униан.

„Руската пропаганда троши многу пари за да создаде впечаток – војна e, ние сме подготвени за преговори, но Украина не e. Преговори секако се неопходни, но важно е да видиме под кои услови и врз која основа ќе се одвиваат преговорите. А главната работа на овој концепт (на меѓународното право) е територијалниот интегритет и субјективитет, суверенитетот на државата“, наведува Подољак.

Тој истакна дека преговорите ќе бидат плодоносни само доколку „профункционираат механизмите за принудување на Русија на мир“.

„Треба да има многу повеќе испораки на оружје за Украина, особено сите ограничувања, неформални или формални, за удари врз воената инфраструктура, без разлика каде се наоѓаат во Русија, мора да бидат укинати. Исто така, неопходно е економските санкции да функционираат многу подобро отколку денес“, додаде тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ