петок, 18 октомври 2024

Поднесено уште едно обвинение против градоначалникот на Струга Рамиз Мерко

Основното јавно обвинителство Струга поднесе обвинение против градоначалникот Рамиз Мерко. Како што соопштија утрово од републичкото Јавно обвинителство, Мерко е обвинет дека пред две години незаконски именувал в.д. директор на основно училиште во селото Лабуништа и се гони за кривично дело несовесно работење во службата од член 353-в став 1 од Кривичниот законик.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти Јавното обвинителство, обвинетиот како службено лице – градоначалник на општината Струга, на 31.01.2022 година, свесно ги повредил законските прописи за совесно постапување при именувањето на вршител на должност – директор на општинско основно училиште во селото Лабуништа. Притоа, донел решение и за вршител на должноста именувал лице кое не било од редот на вработените, како што е предвидено во членот 118 од Законот за основно образование, и немала соодветно работно искуство во воспитно-образовна работа предвидено во членот 109 од Законот.

Така обвинетиот овозможил лицето да биде именувано на функцијата и да и се исплаќа плата како в.д. директор 19 месеци, со што на училиштето му била нанесена штета во вкупен износ на неосновано исплатените плати и придонеси.

Ова е второ обвинение против струшкиот градоначалник. Обвинителстевото за гонење на организиран криминал и корупција на 1 март поднесе обвинение за против Мерко за набавката на луксузното возило марка ауди а6 заради злоупотреба на службената положба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ