Тој утрово, како што соопшти, имал координација со министерот за економија и труд, претседателот на Комисијата за заштита на конкуренцијата и директорот на Државниот пазарен инспекторат.
„Договоривме чекори кои ќе се случат, почнувајќи од денеска. На вчeрашната прес-конференција од ваши колеги беа потенцирани два синџира-маркети кои можеби прават одредени изигрувања на законите и процедурите. Денеска тие ќе подлежат на ригорзна контрола и во деновите што следуваат. Според информациите со кои располагаме, имаме од прилика околу 20.000 коминтенти по синџир-суперакети и ќе треба длабоко да се навлезе за да видиме дали постојат вакви индиции. Но, истовремено и други трговски објекти ќе подлежат на ваков тип контроли, зашто стандардот на граѓаните е наш приоритет и ние ќе сториме сè како Влада за да го заштитиме“, изјави Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на касарната „Гоце Делчев“ во Скопје.
Во зголемувањето на цените кај одредени маркети, Владата гледа напад врз стандардот на граѓаните, рече премиерот.
„Сите треба да знаат дека сме сериозни и овој напад го сфаќаме како напад врз стандардот на граѓаните, а Владата има право и обврска да го штити јавниот и интересот на граѓаните“, подвлече Мицкоски.
Тој вчера го поддржа најавениот бојкот од страна на на маркетите најавен за в петок, нагласувајќи дека „од почеток зборува за поединци во овој бизнис кои шпекулативно сакаат да профитираат“.