четврток, 28 ноември 2024

Почнува собраниската расправа за формирање Агенција за борба против корупцијата кај високите функционери

Објавено на

часот

Сподели

„Во законот се вградени системски решенија кои ја гарантираат самостојноста на Агенцијата при откривање и документирање на криминал со огромни димензии. Оваа Агенција треба да открива тешки облици на криминал, да поднесува кривични пријави, да предлага конфискација на имотот стекнат на криминален начин, како и да предлага забрана на политичко дејствување. Во време кога Македонија е високо криминализирана, кога секојдневно се соочуваме со информации за криминал и корупција од високи размери, кога постојните институции се партизирани и парализирани, ги повикуваме пратениците да ги надминат теснопартиските интереси и да гласаат за започнување на борба против криминалот кој ги разорува институциите и државата во целина“, соопштија од Демократски сојуз.
 
Со Агенцијата ќе треба раководи директор кој ќе го избира борд од 12 лица со висок интегритет и резистентни на политички и коруптивни влијанија.
 
Во Агенцијата ќе треба да бидат ангажирани околу 40 професионалци, со посебни права и овластувања.
 
Предлог-законот е дел од проектот Декри, по чиј урнек вакви институции се формираа во Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска, Словенија, Англија, Црна Гора…
 
„Само во Македонија постоеше и постои отпор да се формира независна институција за борба против организинираниот криминал, која нема да можат да ја контролираат партиите“, велат од Демократски сојуз.
 
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ