сабота, 27 јули 2024

Почна саемот на автомобили во Детроит (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Објавено на

часот

Сподели

Форд го покажа новиот фјужн, за другиот дел на светот познат како мондео, и главен конкурент на најпродаваниот автомобил во САД, тојота камри.
Фјужн е првиот седан што ќе понуди бензински, хибридни и електрични мотори и содржи еден куп нова технологија, вклучувајќи го системот за останување во лента, приспособливиот темпомат и активната помош при паркирање. Во САД ќе почне да се продава оваа година, а за Европа е закажан за почетокот на 2013.
Крајслер го прикажа доџ дарт, кој е базиран на алфа ромео џулиета, а Џенерал моторс го откри новиот кадилак АТС.
Централно место на саемот имаат автомобилите на струја. Нисан се врати на шоуто по тригодишно отсуство со концептно електрично комби, најава за плановите за второ сериско возило на струја по лиф. Форд покажа целосно електрична варијанта на фокус.
Хонда го претстави концептот за следната верзија на својот акорд, нејзиниот најпродаван модел во САД.

Предната страна на новиот Лексус ЛФ-ЛЦ за време на претставувањето за новинарите во Детроит

Концептниот хибрид Акјура Ен-Ес-Икс на премиерата за новинарите во Детроит

Новото Џенезис купе најавено за 2013 година

Марк Тремплин, потпретседателот на групацијата и генерален менаџер на Лексус му аплаудира на новит ЛФ-ЛЦ

 

Првата средба „од блиску“ со новото Кју-3 на Ауди

Мини родстери возат на сцената, на првиот ден од саемот

Бентли континентал ГТЦ изложен во Детроит

Бентли мулзан

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ