Сите млади од земјата на возраст од 15 до 29 години може да аплицираат без ограничување во однос на местото на живеење и образовната институција каде што се образуваат.
Работата ќе се одвива во тимови од 4 до 8 лица, од кои најмалку 40% треба да бидат женски лица. Тимовите ќе бидат менторирани од професори, иноватори и инженерии/експерти од различни индустрии. Работата на еден проект ќе трае од 2 до 4 месеци, а добиениот прототип ќе биде презентиран на настан пред стручната и инвеститорска заедница.