четврток, 23 јануари 2025

Почината кавадарчанка со повреди на телото, пронајдена од нејзината ќерка

Педесет и две годишна кавадарчанка била пронајдена почината со повреди по телото. Починатата била пронајдена од нејзината ќерка. По наредба на јавен обвинител, телото било дадено на обдукција, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

Објавено на

часот

Сподели

Како што појаснуваат, синоќа во 23:40 часот во СВР-Велес – ОВР-Кавадарци, кавадарчанката Д.Т. пријавила дека во станот каде што живее во градот, ја пронашла почината со повреди по телото, нејзината мајка С.С.С., на возраст од 52 години.

Лекар од болницата во Кавадарци констатирал смрт. Увид на местото извршиле увидна екипа од ОВР – Кавадарци и јавен обвинител од ОЈО – Кавадарци, по чија наредба, телото било дадено на обдукција.

Од СВР – Велес додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ