Џери Вест, еден од најважните ликови во историјата на НБА, почина денеска на 86 годишна возраст.
Член на „Куќата на славните“, Џери Вест се појави на Ол-стар натпреварот дури 14 пати, беше шампион во НБА во дресот на Лејкерс во 1972 година, а го доби и приматот на МВП на финалето во 1969 година.
Има и осум титули како оперативец, шест со Лос Анџелес Лејкерс и две со Голден Стејт Вориорс.
Најмногу е познат по тоа што беше човекот од кого е влечена инспирација за логото на НБА.