понеделник, 21 октомври 2024

Почина девојчето кое беше тешко рането во масовното пукање во белградското училиште

Објавено на

часот

Сподели

Девојчето во нападот во училиштето добило тешки повреди на главата, опасни по живот. Застрелана била во главата. Лекарите со денови се бореа за нејзиниот живот, поминала неколку операции, преземени биле сите мерки на интензивно лекување, но за жал не успеале да ја спасат, пишува српска Нова.

Девојчето е десеттата жртва на масакрот кој го изврши 13-годишниот ученик на 3 мај во училиштето.

Шест ранети ученици и една наставничка беа примени во две белградски клиники по масовното пукање на 3 мај во белградското училиште „Владислав Рибникар“, кога 13-годишниот К.К. со пиштолот на својот татко уби осум соученици и училишниот чувар.

Тринаесетгодишниот напаѓач по убиствата е уапсен и сместен во детска психијатриска установа бидејќи не е кривично одговорен, но на неговиот татко, кој го носел на стрелање и на игри со симулирање оружен напад, му е одреден притвор до 30 дена.

Српскиот министер за образование Бранко Ружиќ претходно се повлече од должноста под притисок на јавноста.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ