Беќаровски и неговите колеги рекоа дела Иљази не дозволила да се вработат двајца дипломирани биолози и еден болничар, туку да се вработат 18 лица на кои им истекле договорите за дело лани на 31 декември, меѓу кои имало и лица кои немаат соодветно образование за тука.
Инаку Иљази, како што пишуваше МКД.мк, на работа доаѓала со татко ѝ, кој и бил еден вид „обезбедување“ и преведувач. На состаноците некој од персоналот секогаш ѝ помагале на Иљази во преводот од македонски на албански.
Директорот на Клиниката за токсикологија Нико Беќаровски на својот фејсбук-профил напиша:
„35 години бев најголем борец за здрав ЈАВЕН ЗДРАВСТВЕН СЕКТОР. ДОН КИХОТ конечно го напушта оклопот.
Време е во некоја од приватните болници да се отвори Одделение за детоксикација и клиничка токсикологија.