сабота, 19 октомври 2024

По силување на 15-годишно девојче чешки министер апелира да не се фрла колективна вина на Украинците

Објавено на

часот

Сподели

„Имам разбирање за нервозната атмосфера, но добро е да се внимава на бројките и фактите. Во споредба со 2019 година бележиме 5.000 кривични дела помалку“, кажа на конференција за новинарите во Прага чешкиот министер за внатрешни работи.

Ракушан ги цитираше статистиките на чешката полиција дека во таа земја, уште пред нападот на Русија на Украина, живееле околу 200.000 Украинци, а дека сега со бегалците, кои Чешка ги прими најмногу по глава на жител, Украинците сочинуваат пет отсто од жителите.

„А нивниот криминалитет се движи околу четири отсто. Во 2019 година странците кои живеат во Чешка извршиле 8,2 отсто кривични дела, а оваа година 11,5 отсто. Но во 2019 година странците претставувале шест отсто од населението на Чешка, а сега ги има меѓу 10 и 11 отсто“, кажа Ракушан.

Антиукраинското расположение во Чешка прво се појави меѓу чешките Роми по неколку тепачки, прво кога кон средината на јуни почина млад Ром кого со нож по кавга го нападнал млад Украинец, а стотици Роми излегоа на улиците да протестираат.

Нервозата се засили кога оваа недела 18-годишен Украинец, кој инаку не е бегалец, туку живее и се школува во Чешка, во вторникот поканил на прошетка покрај река девојче кое го познавало, а наместо прошетка ја одвлекол во шума, ѝ ги врзал рацете, и ја затворил устата, ја силувал, потоа ја исекол, ја ставил во вреќа и ја турнал низ стрмна удолнина.

Девојчето се претварало дека е мртво, а потоа повикало помош и итно било префрлено во болница. Полицијата по неколку часа успеала да го уапси момчето и тој во моментов се наоѓа во притвор и му се заканува казна од 15 до 25 години затвор.

Насилството го осуди украинската амбасада во Прага со коментар дека насилникот мора да биде казнет во согласност со законите на Чешка.

„Нашата цел е во Чешка да сите да се чувствуваат безбедно. Секој народ има, така да го кажам тоа, исто количество свое ѓубре. Само луѓето кои немаат чувство за општествена одговорност, популистите, можат да разгоруваат такво искажување омраза“, кажа Ракушан за припишувањето колективна вина на Украинците, или странците и бегалците генерално за одредени кривични дела.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ