сабота, 26 октомври 2024

По прекинот поради расправата за уставни измени, пратениците го продолжија одморот до крајот на август

Објавено на

часот

Сподели

Од Кабинетот на претседателот на Собранието Талат Џафери велат дека тој е на работа и дека одржува состаноци и средби во рамки на работниот ангажман.  

На координацијата што се одржала на 17-ти август било договорено активностите и одржувањето на седниците на комисиите и работните тела да продолжат во последната недела од август. А првата наредна седница, според информациите од Џафери, ќе биде закажана за 5-ти септември.  

Пратениците се вратија на работа само за седницата закажана за 18-ти август што се однесуваше на уставните измени, а официјално годишниот одмор го започнаа по Илинден.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ