По пребројувањето на 73 отсто од гласачките ливчиња, три сепаратистички партии, меѓу кои и партијата на поранешниот лидер на таа област, Карлес Пучдемон, освоија 59 пратенички места, додека за апсолутно мнозинство се потребни 68 места.
Социјалистите на шпанскиот премиер Педро Санчез, според делумните резултати, освоија 42 места од вкупно 135 места.
Каталонија е една од 17-те регионални автономни заедници, како што се нарекуваат покраините во Шпанија. Како и некои други шпански провинции, Каталонија има своја специфична историја, култура и јазик што донекаде е поинаков од шпанскиот.