Жителите на Пчиња и околните села бараат дислокација на депонијата, откако се јави големиот пожар кој трае неколку дена. Реагираат дека депонијата го загадува нивниот регион и културите кои што ги произведуваат.
По дводневната блокада на Краста, вчера вонредна седница одржа и Советот на Општина Куманово.
Советниците изгласаа заклучок да се формираат работни групи кои ќе донесат мерки за надминување на проблемот, препорачаа да запре блокадата но и побараа претпријатието да се придржува до насоките на инспекторатот и во рок од седум дена целосно да го изгаси пожарот.