петок, 18 октомври 2024
КУД „Гоце Маркоски“

По деветти пат меѓународен детски фолклорен фестивал „Св.Троица“ во Долно Лисиче

Објавено на

часот

Сподели

Овој фестивал се одржува во чест на празникот Св.Троица кој воедно е и патрон празник на Долно Лисиче.

Меѓународниот фестивал трае 5 дена започнувајќи од 1 јуни кога пристигнуваат гостите и се одржуваат сите генерални проби и последни подготовки. Следниот ден (2јуни 2023) ќе има официјално отворање на фестивалот на фестивалската бина во Долно Лисиче од 20:00 часот, на кое му претходи дефиле на сите учесници по главна улица низ Долно Лисиче.

ДолноЛисиче

На 03 јуни од 12:00 часот ќе се одржи пладневен концерт кај паркот „Јане Сандански“ во населба Аеродром каде што ќе им пружиме прилика за сите оние кои не се во можност да го проследат отворањето во Долно Лисиче, да се запознаат со сите учесници на фестивалот и ќе имаат прилика да ја проследат програмата со различни култури, обичати, игри и песни.

Исто така истиот ден од 17:00 часот ќе се одржи фолклорно дефиле на сите учесници низ улиците во Општина Илинден кое ќе заврши со отворен концерт на амфитеатарот кај домот на културата во Општина Илинден.

На 4 јуни се посетува Црквата Св.Троица и присуство на утринска литургија на сите гости и завршна концертна вечер од 19:30 на фестивалската бина во Долно Лисиче и на 5 јуни (понеделник) после утринската литурција се испраќаат гостите од соседните земји.     

играорци

Учесници на овој фестивал се домаќините и организатори КУД„Гоце Маркоски“, фолклорни групи од Бугарија, Србија, Косово, како и фолклорни групи од Крива Паланка, Вевчани, Гостивар и Скопје.

Овој фестивал има за цел преку фолклорот да се направи едно зближување помеѓу народите од балканот и европа, запознавање на нови пријателства, дружење, едукација на младите за Македонскиот фолклор, култура и традиција, запознавање со нови култури и традиции, презентација на Македонија и сите убавини на напиот главен град, размена на знаења и искуства, отворање на портите кон нови патувања на нашите играорци.

Лисиче

Од самото започнување во 2015 година па се до минатата година, на меѓународниот фестивал „Св.Троица“ учество имаат земено групи од Бугарија, Србија, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Молдавија, Романија, Словачка и Полска.

Организатор на фестивалот е КУД „Гоце Маркоски“, покровител е Општина Аеродрома соработник и п омагател Општина Илинден. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ