недела, 9 март 2025

По 400 години, данската пошта престанува да доставува писма

Државната поштенска служба на Данска, Постнорд, ќе престане да ги доставува сите писма до крајот на 2025 година, наведувајќи го падот на бројот на пратките од 90 отсто од почетокот на овој век.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Оваа одлука го означува крајот на 400-годишната историја на поштенската служба за писма.

1.500-те поштенски сандачиња во Данска ќе почнат да се отстрануваат од јуни.

Министерот за сообраќај Томас Даниелсен ѝ порача на данската јавност дека писмата сепак ќе можат да се испраќаат и да се примаат низ целата земја.

„Една компанија рече дека е подготвена да ја преземе испораката“, пренесува Би-би-си.

Поштенските услуги низ Европа се соочуваат со пад на обемот на писма. Германски Дојче пост во четвртокот објави дека укинува 8.000 работни места, нарекувајќи го „општествено одговорен“ потег.

Во Дојче пост се вработени 187.000 луѓе, а претставниците на работниците рекоа дека стравуваат дека може да се направат дополнителни резови.

Данска имаше универзална поштенска услуга 400 години до крајот на 2023 година, но како што дигиталните поштенски услуги станаа сѐ попопуларни, употребата на писмата драстично се намали.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ