сабота, 30 ноември 2024

По 40 години пауза струмичките археолози се вратија на локалитетот „Свети 40 Севахистиски маченици“

Објавено на

часот

Сподели

Тимот на „Завод и Музеј Струмица“ го предводат археолозите Душко Цветанов и Ване Секулов и според нив станува збор за средновековна црква изградена во периодот 11-12 век.

„Сакралниот објект поседува синтронос на источната страна што упатува на заклучокот дека била епископско седиште. Во 2021 година на црквата беа извршени конзерваторски-реставраторски работи со што овој значаен споменик на културата за средновековната духовна култура на Струмица и струмичко во континуитет го добива својот заслужен третман“, информираа од „Завод и Музеј Струмица“.

Стручен тим од оваа установа, во сорабтка со д-р Трајче Нацев од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, почна и со реализација на проектот ,,Изработка на основен проект за конзервација и реставрација на Пирг кулата во село Мокриево”, која била изградена во периодот од 5-6 век, а најверојатно била активна и во периодот на Цар Самуил.

Проектите се од годишната програма на институцијата и се поддржани од Министерството за култура.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ