понеделник, 10 февруари 2025
Огромно изненадување

Плимут за прв пат по 1956 го совлада Ливерпул и го исфрли од ФА Купот (ВИДЕО)

Плимут приреди огромно изненадување во ФА Купот, последнопласираниот тим во втората лига на Англија попладнево со 1-0 го елиминираше Ливерпул.

Објавено на

часот

Сподели

Фудбалерите и навивачите на Плимут се радуваат на огромен успех во ФА Купот, го елиминираа Ливерпул, тимот кој е лидер на табелата во Премиерлигата и заврши на првото место во лигашкиот дел на Лигата на шампиони.

„Црвените“ беа прилично бледи во првото полувреме а домаќините знаеја како да го искористат тоа и на стартот од вториот дел Харди од пенал донесе 1-0.

Ливерпул потоа силно притисна, но Плимут умешно се бранеше а голманот Хазард ги фрустрираше гостите со неколку одлични интервенции во финишот, кога ги спречи Жота, Нуњез па и голманот Келехер да постигнат гол за изедначување.

Последниот тим во втората лига на крајот приреди огромно изненадување и за прв пат по 1956 година стигна до победа над Ливерпул.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ