понеделник, 24 март 2025

Лацио со пет гола во мрежата на Монца се врати во топ 4 (ВИДЕО)

Лацио славеше со убедливи 5-1 во пресметката со Монца и се врати во топ 4 на табелата во Серија А.

Објавено на

часот

Сподели

„Бјанкочелестите“ се прикажаа во одлично светло пред своите навивачи и со пет гола во мрежата на Монца стигнаа до нови три бода.

Марушиќ го отвори резултатот по половина час игра на Олимпико, а во вториот дел Педро со два гола и Кастељанос најавија убедлива победа.

Сенси од пенал во 86. минута постигна почесен гол за гостите, додека пак 120 секунди подоцна, Деле Баширу ги постави конечните 5-1.

На вториот денешен натпревар од 15 часот во Серија А, Каљари со 2-1 ја совлада Парма и стигна до три важни бода во битката за опстанок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ