„Нормалниот начин би бил сите 27 (држави членки) да се согласат да ја ревидираат повеќегодишната финансиска рамка и да ѝ ја пружат таа помош на Украина“, кажа Пленковиќ за Си-ен-ен.
„Ако една од земјите, како Унгарија, биде против оваа идеја, тогаш ќе најдеме алтернативно решение на кое работи Европската комисија, а тоа е да се најде политички, правен и финансиски договор да се оствари тоа надвор од седумгодишниот буџет на Европската Унија“, додаде Пленковиќ.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан е против тоа други да ѝ испраќаат пари на Украина надвор од финансиската рамка на Европската Унија, додаде хрватскиот премиер.
„Станува збор за тоа дека во Европа мора да наоѓате компромиси. Мислам дека ги исцрпивме сите можности за компромис, но најдовме решение, а мислам дека решението е поважно од компромисот“, додаде тој.
Хрватскиот премиер кажа и дека е потребно време за да се стигнат земјите кои со децении живееле во демократија и во пазарни економии и дека „и Хрватите сè уште ги стигнуваат“.
„Сигурен сум дека нашите соседи со помош, особено во вид на економско управување и план за раст кој им е понуден, постепено ќе дојдат во позиција кога ќе им растат економскиот и социјалниот стандард. Ако останат подолго време надвор (од ЕУ), ќе им биде полошо“, оцени Пленковиќ.