вторник, 22 октомври 2024
Од околината на село Елшани

Планинарска спасителна служба извлече холандски турист со скршена нога

Планинарска спасителна служба вчера извлекла холандски турист со скршена нога од околината на село Елшани, а потоа бил предаден на екипа од Итната медицинска помош од Охрид.

Објавено на

часот

Сподели

Планинарска спасителна служба од 13.40 до 15.00 часот имала спасителна акција на територија на општина Охрид. Извршено е извлекување на повреден холандски турист од околината на село Елшани, кој имал скршеница на нога и е предаден на екипа од Итната медицинска помош од Охрид, соопшти денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Лицето е пренесено во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид на понатамошен третман.

Од ЦУК посетуваат дека сите итни случаи може да се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.  Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ