Резултатите од 92,9 отсто од окрузите покажаа дека Пелегрини е пред прозападниот опозициски кандидат Иван Корчок, кој има поддршка од 45 отсто од граѓаните и кој веќе го призна поразот и му честиташе на Пелегрини за победата.
Пелегрини, поранешен шеф на владата, има поддршка од сегашниот премиер Роберт Фицо, кој одбива да обезбеди воена помош за Украина и се сомнева во нејзиниот суверенитет и повикува на мир со Русија.
По гласањето во првиот круг од претседателските избори Пелегрини изјави дека Словачка ќе остане во Европската Унија и НАТО.
Функцијата на претседателот на Словачка е првенствено церемонијална. Тој ги ратификува меѓународните договори, назначува клучни судии и е врховен командант на вооружените сили.