„Од заболените во текот на септември, најголем број на заболени (n=363) се пријавени од Скопје, а
највисока инциденца (430,1/100.000) се регистрира во Кавадарци. Регистрираи се 347 реинфекции.
Во текот на месецот пријавени се пет починати лица“, се вели во извештајот на Институтот.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, со најголем број на случаи пријавени во
возрасната групата над 60 години, односно 372 лица што е 43,5 отсто од вкупниот број на заболени. Бројот на тестирани лица во септември во споредба со август е зголемен за пет пати.
Во текот на септември против ковид-19 се вакцинирале само 23 лица од кои 12 со прва доза, по три лица примиле втора и трета доза, а пет лица се вакцинирале со четврта доза.
Досега барем една доза вакцина во Македонија примиле 876.167 лица, а со две дози вакцинирани се 857.230 лица.
Од почетокот на пандемијата, заклучно со 30 септември годинава, пријавени се вкупно 349.346 потврдени случаи на ковид-19 и 9.947 смртни случаи.
П.Џ.