петок, 18 октомври 2024

Пет романи влегоа во најтесниот избор за наградата „Роман на годината“

„Единствен матичен број“ од Лидија Димковска, „Ако се родат некакви чувства: зборник за љубовта на Гоце и Јанка“ од Блаже Миневски, „Заборав“ од Томислав Османли, „Сѐ уште можам нешто да сторам“ од Фросина Пармаковска и  „Зелениот дворец“ од Сибо се петте романи што се најдоа во најтесниот избор за наградата „Роман на годината“ за 2023 година, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.

Објавено на

часот

Сподели

Оваа одлука ја донесе жири-комисијата во состав Влада Урошевиќ (претседател и минатогодишен лауреат), Бранко Цветковски, Марија Ѓорѓиева, Сашо Огненовски и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата).

Наградата годинава се доделува по јубилеен 25-ти пат. Таа се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.

Жири-комисијата ќе го соопшти името на лауреатот на 15 март.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ