сабота, 19 октомври 2024

Песков: Украина бесцелно троши милијарди евра помош од НАТО

Објавено на

часот

Сподели

„Очигледно е дека мултимилионските ресурси што земјите од НАТО му ги предадоа на режимот во Киев всушност се трошат неефикасно и бесцелно. Тоа, исто така, предизвикува сериозни прашања во западните престолнини и голема непријатност за даночните обврзници од западните метрополи“, рече Песков.

Тој оцени дека контраофанзивата на Украина не функционира.

„Режимот во Киев е во многу, многу тешка ситуација. Специјалната воена операција продолжува. Очигледно е дека контраофанзивата не функционира како што е планирано во Киев“, изјави портпаролот на Кремљ.

Тој рече дека нема информации за тоа каков тип на беспилотни летала учествувале во нападот на деловниот центар во Москва и оцени дека режимот во Киев ја покажува „својата терористичка природа со тоа што продолжува со обидите за терористички напади“.

„Киев прибегнува кон терористички напади врз цивилни цели. Ќе продолжиме да се бориме против тоа“, рече Песков.

Според него, Украина „не сака и не може да сака мир, се додека се користи исклучиво како инструмент во војната на колективниот Запад со Русија“.

„Дали сега е можно да се постигне мирно решение со учеството на режимот во Киев и неговата сегашна позиција? Одговорот е исто така недвосмислен: не, тоа е невозможно. Нема никакви предуслови за тоа“, изјави портпаролот на Кремљ.

Тој наведе дека Москва ќе ја следи средбата во Саудиска Арабија за Украина, бидејќи е неопходно да се разберат целите на тој настан и потсети дека на оваа тема се разговарало за време на самитот меѓу Русија и африканските земји.

„Бидејќи (јужноафриканскиот претседател) Рамафоза е организатор на оваа иницијатива, руската страна подготви свој нацрт на таква изјава, која беше доставена до јужноафриканската делегација пред да замине од Санкт Петербург. Штом има заедничко разбирање и усогласен текст, јужноафриканската страна ќе го објави“, рече Песков.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ