понеделник, 21 октомври 2024

Песков: Путин сè уште не одлучил дали ќе се кандидира на претседателските избори

Рускиот претседател Владимир Путин сè уште не донел одлука дали ќе се кандидира на претседателските избори во март 2024 година, изјави денес портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, демантирајќи ги тврдењата на медиумите дека Путин веќе одлучил да се кандидира.

Објавено на

часот

Сподели

„Путин сè уште не дал никакви изјави за тоа прашање. Изборната кампања сè уште не е најавена“, кажа Песков, а пренесува ТАСС.

Се очекува претседателските избори во Русија да се одржат на 17 март 2024 година, а одлуката за тоа следниот месец ќе ја донесе Советот на Федерацијата, горниот дом на парламентот.

Според рускиот закон, Путин има право да се кандидира за уште еден мандат. Претходно денес Ројтерс пренесе дека Путин одлучил да се кандидира на изборите во март, што потенцијално би му овозможило да остане на власт најмалку до 2030 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ