вторник, 22 октомври 2024

Песков: Промената во преференциите на француските гласачи е во интерес на Русија

Јасно е дека има промена во преференциите на француските гласачи, изјави денеска претставникот за печат на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков, коментирајќи ги резултатите од изборите во Франција, додавајќи дека оваа промена е во интерес на Русија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Очигледно е дека има поместување во преференциите на француските гласачи и тој однос е навистина тешко да се предвиди“, изјави Песков за новинарите откако вчера се одржа вториот круг од изборите во Франција, пренесува РИА новости.

Тој додаде дека Франција е многу важна земја на европскиот континент, па Русија е заинтересирана за сѐ што се случува таму.

Како што покажуваат изборните резултати, на прво место е левичарската коалиција, втора е коалицијата околу претседателот Емануел Макрон, додека на трето место е десничарската партија Национален собир, која беше најдобро пласирана по првиот круг.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ