понеделник, 21 октомври 2024

Песков: Односите меѓу Русија и САД се на нула

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги коментираше односите меѓу Русија и Соединетите Американски Држави.

Објавено на

часот

Сподели

„Односите меѓу Русија и САД се на нула, па дури и под нулата, но бидејќи двете земји имаат посебна одговорност за глобалната и стратешката стабилност, на еден или друг начин, дијалогот ќе мора да продолжи со текот на времето“, изјави Песков.

Тој во интервју за ТВ Русија 1 рече дека рушењето на односите меѓу Руската Федерација и САД е иницијатива на Американците и изјави дека за еден ден да има средба меѓу претседателите на САД и Русија, американскиот лидер во иднина ќе мора да заземе поконструктивна позиција во однос на билатералните односи, пренесува РИА Новости.

„Тогаш условите за таква средба ќе бидат зрели“, изјави Песков одговарајќи на прашањето под кои околности може да има контакти меѓу лидерите на Русија и САД.

Тој додаде дека комуникацијата меѓу претседателите на двете земји може да се одвива „со взаемна желба и взаемна подготвеност“.

„Претседателот Путин во повеќе наврати изјави дека е подготвен за сите контакти“, додаде портпаролот на Кремљ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ