Оваа изјава Макрон ја даде вчера, на самитот на европските лидери, чиј домаќин е.
„Во овој момент нема консензус за испраќање војници. Ништо не треба да се исклучи. Ќе направиме сѐ за да не победи Русија“, рече Макрон на прес-конференција, пренесе Ројтерс.
Сојузничките лидери побрзаа да се оградат од сугестијата на Макрон да се пратат војници да му помогнат на Киев, а самиот предлог предизвика гневна реакција од Москва, вели Политико.
Дмитриј Песков, портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, изјави дека конфликтот меѓу Русија и НАТО би бил неизбежен кога западни војници би влегле во Украина, објави рускиот медиум Интерфакс.
„Во овој случај, не треба да зборуваме за веројатност, туку за неизбежност (на конфликтот). Така ние го проценуваме тоа… И тие земји треба да си проценат и да бидат свесни за тоа, прашувајќи се дали тоа одговара на нивните интереси, како и на интересите на граѓаните на нивните земји“, додаде Песков.
Песков додаде дека самото зборување за таква можност претставува „многу важен нов елемент“ во конфликтот.